Вести Свет Топ вести

Началникот на полицијата кој ја одложи акцијата против убиецот во училиштето во Тексас на принуден одмор

Началникот на окружната полиција кој ја одложи акцијата против убиецот на 19 ученици и двајца учители на 24 мај во Увалде, Тексас, Пит Аредондо, е суспендиран, изјави окружниот надзорник.

Шефот на Одделот за јавна безбедност во Тексас ја нарече реакцијата „огромен неуспех“, бидејќи не интервенираше веднаш додека стрелецот се уште беше затворен во училницата каде што беа убиени децата.

Општата полициска практика е веднаш да се справува со пукотници во училиштата, дури и ако тоа ги загрозува животите на полицајците.

Аредондо ги бранеше своите постапки во интервју за Тексас Трибјун, велејќи дека неговата главна грижа е да ги спаси животите на што е можно повеќе наставници и ученици. Но, тој рече дека полицијата на местото на настанот не можела да го најде клучот за отклучување на вратата од училницата 77 минути по почетокот на масакрот.

Сепак, началникот за јавна безбедност, Стивен Мекроу, на сослушување во Сенатот на Тексас во вторникот рече дека вратата не е заклучена и дека нема докази дека полицајците се обиделе да потврдат дека е обезбедена додека други го барале клучот.

Аредондо, кој беше избран во градскиот совет на Увалде непосредно пред пукањето, исто така е во опасност да го загуби местото во советот. Тој побарал отсуство и го пропуштил состанокот на градскиот совет во вторникот вечерта, но остатокот од градскиот совет не го прифатил.

Доколку пропушти три последователни седници, Советот може да го отстрани, како што побараа дел од јавноста на седницата во вторник навечер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе