Вести Свет Топ вести

Втор круг парламентарни избори во Франција – граѓаните одлучуваат за битката помеѓу Макрон и левицата

Помалку од два месеци од резиборот на Макрон, францускиот претседател се соочува со новиот предизвик – дали ќе успее да го задржи парламентарното мнозинство. Иако во април тој успеа да ја победи крајната десница, анкетите покажуваат дека екстремно левичарскиот лидер Меланшон кој ја предводи лево-зелената алијанса Нупес му диши во врат и би можеле да го спречат претседателот да ги освои 289-те места што му се потребни за целосно мнозинство, за што Макрон ќе мора да коалицира со други партии за да ги протурка ветените даночни намалувања, реформите на социјалната заштита и да ја зголеми старосната граница за пензионирање.

Гласачите се плашат дека коалицијата на Меланшон би можела да го да го претвори Макрон во оковен лидер од втор мандат, кој го поминува своето време во пазарење со политичарите и со големи ограничувања на неговата способност да владее, но дел од нив ја поздравија идејата за промени во Националното собрание.

„Не се плашам да имам Национално собрание кое е повеќе поделено меѓу различни партии. Се надевам на режим кој е повеќе парламентарен и помалку претседателски, каков што можете да имате во другите земји. Вистина е дека тоа навистина не е во француската култура. Но, се надевам дека еволуираме кон режим кој е попарламентарен“, вели инженерот Симон Нуис.

„Апсолутно мора да избегнеме блокада затоа што ако работите се блокирани тогаш тоа е улицата. Затоа мислам дека е добра идеја да се врати дебатата во срцето на нашите институции, што е во Националното собрание“, изјави пензионираната библиотекарка Мари Франс Виљумиер.

Франција која последен пат имаше претседател и премиер од различни партии, кога десничарот Жак Ширак мораше да работи со парламентот во кој доминираа социјалистите на премиерот Лионел Жоспен, на овие избори се соочува со мобилизирање на гласачи поради рекордно ниско ниво на излезност од 47,5 отсто во првиот круг.

Овој втор круг ја затвора долгата изборна низа што започна на 10 април и првиот круг од претседателските избори, што на крајот доведе до реизбор на Макрон пред лидерката на екстермната десница Марин Ле Пен. По изборите се очекува реконструкција на француската влада.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе