Вести Свет Топ вести

Две жртви при пукање во црква во Алабама

Две лица загинаа, а едно е повредено при пукање во црква во американската држава Алабама. Напаѓачот е уапсен, соопштија денеска властите.

Пукањето се случило за време на собир на мала група луѓе во епископската црква „Свети Стефан“ во Веставија Хилс, град со околу 34.000 жители.

Уапсениот влегол во црквата и пукал, при што повредени се три лица, од кои две им подлегнале на повредите.

Ова не би требало да се случи никогаш – ниту во црква, ниту во продавница, ниту во градот ниту каде било, изјави гувернерката Кеј Ајви.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

(фото)Четири дена по силното невреме Скопје сè уште ги санира последиците – Најголеми штети има во Градскиот парк, како и Карпош и Аеродром

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе