Вести Свет

ЕУ ја обвинува Русија што нема решение за повторното отворање на украинските пристаништа

Русија ги попречува разговорите за изнаоѓање договор за планот за ослободување на украинското жито кое моментално е блокирано од извоз поради руската инвазија, изјави еврокомесарот за трговија Валдис Домбровскис.

Украина е клучен глобален снабдувач со жито и масла за јадење, но голем дел од нејзината жетва е блокирана затоа што Русија ги окупираше нејзините пристаништа или затоа што слободните пристаништа се минирани за да се одвратат руските офанзиви. Разговорите се водат веќе со недели за да се најде компромис кој би овозможил некако да се придвижи жетвата, пренесе ДПА.

Мислам дека е јасно што ја блокира: Русија, рече денеска Домбровскис. „На Русија е да престане со својата агресија и да престане да го блокира извозот на украинската храна.

Експертите се загрижени дека, доколку украинските пратки не се ослободат, инвазијата врз Украина, која веќе сама по себе е криза, ќе се развие во глобална криза за храна за сиромашните земји кои се потпираат на украински стоки.

На денешниот состанок на Светската трговска организација во Женева ЕУ и другите земји се обидуваат да се солидаризираат со Украина. Домбровскис рече дека повеќе од 50 земји потпишаа декларација за поддршка на Украина.

Според украинските проценки, повеќе од 23 милиони тони жито и нафтени продукти се блокирани од извоз. Пред нападот, Украина испраќаше 90 проценти од својот земјоделски извоз по морски пат. Но, Русија сега ги контролира пристаништата Мариупол, Херсон и Бердјанск. Миколајев е тешко оштетен, па така Одеса во моментов е единствено пристаниште за извоз на украинската стока.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Бура ја погоди Атина, небото се отвори, дожд и грмежи и на Халкидики, на Олимп силен град ја прекри планината во бело

Дејан Дејан

Бела пена се влева од Лепенец во Вардар, со дрон се бараат виновниците

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Во лето снег падна на Пелистер

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе