Српската полиција го уапси Андриј Наумов, поранешен шеф на безбедносната служба на Украина во регионот Херсон, кој во моментов е под руска контрола. Наумов бил уапсен на граничниот премин Прешево, откако заедно со уште едно лице се обиделе да прошверцуваат над 700.000 евра во кеш.
Во соопштението на српската Царинска управа се вели дека во автомобилот БМВ Х6, со кој се превезувале двајцата украински дрќавјани, биле откриени 600.000 евра, 125.000 американски долари и два дијаманти, чија вкупна вредност била околу 6.500 евра.
Во Украина Наумов беше обвинет за предавство, затоа што ја напушти земјата само неколку часа пред руската инвазија.
