Вести Свет

Вархеји во Софија на средби со Радев, Петков и Генчовска

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј денеска во Софија на срдби со државниот врв.

Вархеји, оцени дека се уште нема решение за спорот и оти тоа е многу фрустрирачко за ЕУ, бидејќи не може да продолжи пристапниот процес.

Сè уште ја чекаме поддршката од Бугарија и на тоа работиме со сите овие разговори што ги водев овде во Софија, а редовно и во Скопје, конечно да се разјасни и зајакне европската перспектива за Македонија. Би сакале да видиме договорот да биде постигнат во јуни, затоа утрово се среќавам со премиерот и со министерот за надворешни работи, а ќе се сретнам и со претседателот, додаде Вархеји.

Сакам да појаснам дека Бугарија има три јасни барања  по прашањето на Pепублика Cеверна Mакедонија. Почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот Парламент, вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија за да се заштитат нивните права, и трето, да се спроведе Договорот за добрососедство, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

– Едноставно и јасно. Тоа беа нашите разговори со еврокомесарот, и претходно и сега, за што му благодарам, рече Петков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото/Видео) Во лето снег падна на Пелистер

Kristina Kuzmanovski

ЕУ со нова истрага за TikTok ги кршеле правилата за заштита на децата на интернет

Kristina Kuzmanovski

Уставните измени со одложено дејство се враќаат на маса

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе