Бројот на пријавени случаи на мајмунска сипаница во земјите кои претходно не биле погодени од вирусот се искачи на повеќе од 1.000 од мај. Ова вчера во Женева го изјави шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, цитиран од ДПА.
Вчера бројот на заразени регистрирани во Германија се искачи на 113, што е нагло зголемување од претходниот ден, кога бројот на заболени беше 80. Податоците ги објави Институтот Роберт Кох, кој соопшти дека досега сите случаи во Германија биле откриени кај мажи.
Здравствената служба на Велика Британија соопшти дека се откриени дополнителни случаи на мајмунски сипаници во Англија и Шкотска, со што вкупниот број на заразени во земјата во вторникот достигна 321.
Во меѓувреме, Грција го објави својот прв случај на мајмунска сипаница кај маж кој неодамна долета од Португалија во Грција.
