Вести Свет

Демократијата е важен елемент за иднината на двете Америки, рече Бајден на отворањето на регионалниот самит

Американскиот претседател Џо Бајден го отвори самитот на Северна и Јужна Америка со зборовите дека демократијата е „исклучително важен елемент за иднината на Америка“, пренесе АФП.

„Нашиот регион е голем и разновиден. Не секогаш се согласуваме за сè. Но токму поради тоа што сме демократии, нашите разлики ги решаваме со взаемно почитување и дијалог“, рече тој.

Овој голем самит на Америка, кој се одржа во Лос Анџелес, беше обележан со отсуство на некои шефови на држави, меѓу кои Мексико, Гватемала, Боливија и Хондурас. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор ја критикуваше Белата куќа за исклучување на Куба, Никарагва и Венецуела. Претседателството на САД ја оправда својата одлука со резервите што ги има за недостатокот на демократија и кршењето на човековите права во тие земји.

Бајден го поздрави започнувањето на Американското партнерство за економски напредок за промовирање на порамномерен раст во Латинска Америка. „Она што важи за Соединетите Држави важи за секоја земја. Тој постојано ја критикуваше оваа теорија, според која финансиската корист на најбогатите и најголемите корпорации автоматски ќе го подигне животниот стандард на сите учесници во економијата.

Самитот на Северна и Јужна Америка има за цел да ја илустрира желбата на американската влада да ги обнови врските со Латинска Америка во време кога Кина многу инвестира во регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставните измени со одложено дејство се враќаат на маса

Kristina Kuzmanovski

(фото)Бела пена ја прекри реката Вардар доаѓа од Лепенец – инспекторатот е на терен

Дејан Дејан

Обвинителството не ја поврзува смртта на вработен од Комуналец во канал, со загадувањето во Гостивар – има видеозапис од неговата интервенција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе