Вести Свет Топ вести

Подољак: Украина не прифаќа прекин на војната ако тоа значи отстапување територија на Русија

Украина денеска ја отфрли можноста да се согласи на прекин на огнот со Русија и порача дека Киев нема да прифати никаков договор со Москва што вклучува отстапување на територија.

Признавајќи дека позицијата на Киев за војната станува се побескомпромисна, советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак во интервју за Ројтерс изјави дека отстапките би и се одмаздиле на Украина, бидејќи Русија ќе возврати уште посилно по секој прекин на борбата.

-Војната нема да заврши ( и покрај какви било отстапки). Само ќе биде ставена на пауза некое време, изјави Подољак во добро чуваната претседателска канцеларија, каде што некои прозорци и ходници се заштитени со вреќи со песок.

Подољак во интервјуто кажа дека Русите по некое време ќе го зајакнат оружјето и персонал и ќе почнат нова офанзива, уште покрвава и пообемна.

Тој ги отфрли, како многу чудни, повиците на Западот за итен прекин на огнот што ќе ги вклучи руските сили кои ќе останат на територијата што ја окупираа на југот и на истокот на Украина.

Руските сили мора да ја напуштат земјата и „дури потоа ќе биде можно продолжување на мировниот процес“, рече Подољак.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Sasko Dimovski

Европската Унија постигна договор за 21-от пакет санкции за Русија

Sasko Dimovski

Парични казни за 12 лица, сите полнолетни – полицијата почна со санкции за тротинетџии

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе