Вести Македонија

Девет кандидати за три места во Уставниот суд

 

Девет можни кандидати за три судиски позиции во Уставниот суд. Власта предлага за уставни судии да бидат избрани: Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски, кој и самиот неколку пати кажа дека би прифатил ваков предизвик, судијата во Врховниот суд Фатмир Скендер и Тања Васиќ која работи во Министерството за правда. Опозициската ВМРО ДПМНЕ најави шест предлози. Меѓу нив се универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и екс претседателот на Гостиварскиот суд Бранко Секуловски.

Предлогот од тројца судии треба да го утврди Комисијата за избори и именувања и да го достави до Собранискиот пленум, кој ги бира со најмалку 61 глас. Комисијата се уште го утврдува начинот на кој ќе ги утврди кандидатите. Опозицијата предлага презентација на секој кандидат поединечно, а власта бара изборот да тече според досегашниот принцип, со предлог до Собранието. Сите се согласуваат дека е потребно менување на Деловникот и посебен закон, кој ќе им овозможи потранспарентен и подемократски принцип во кандидирањето и бирањето судии во Уставниот суд.

Лани во јуни на тројца судии им истече мандатот, а во декември на уште еден, така што Судот работи со пет од вкупно девет судии. Претседателката Добрила Кацарска повеќе пати апелираше пратениците да го забрзаат изборот. Денешната седница на Комисијата, на чиј дневен ред е предлог за тројца судии, е закажана уште во јули и се уште не е завршена.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе