Вести Свет Топ вести

Експлозија во хемиска фабрика во Словенија, најмалку 20 повредени лица

Пожар избувнал во хемиската фабрика Меламин, во словенскиот град Кочевје, откако  утринава околу 8.30 часот во неа се слушнала силна експлозија, информираат локални медиуми.

Служби за интервенција се на местото на несреќата, затворен е главниот пат низ Кочевје, соопштија од Полициската управа во Љубљана.

Медиуми пишуваат дека густ црн чад се кревца над градот.

Според неофицијалните податоци на Радио Словенија, експлодирал бојлер.

Од Управата за заштита и спасување информираа за најмалку 20 повредени, едно лице се здобило со тешки изгореници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Системот за масовно предупредување за кризни ситуации тестиран од пред една година, и натаму не функционира

Kristina Kuzmanovski

Околу 16 милиони евра одлетаат од општинските каси, парите им избегаа со истекот на рокот

Дејан Дејан

Кисела Вода не знае кој извршил реконструкција на патот кај Теферич

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе