Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во руските напади врз Украина се уништени стотици болници и други институции, а лекарите останале без лекови за лекување на рак и дека не можат да вршат операции. Во видео порака до хуманитарната медицинска организација, Зеленски рече дека на многу места на истокот и југот на Украина, каде што се водат главните битки, недостасуваат дури и основни антибиотици.
„Ако ја погледнеме само медицинската инфраструктура, до денес, руските сили уништија или оштетија речиси 400 здравствени установи: болници, породилишта, клиники“, рече тој, додавајќи дека ситуацијата во областите под руска окупација е катастрофална.
“Воопшто нема лекови за болните од рак. Речиси и нема инсулин за дијабетичари. Невозможно е да се направат операции. Нема ниту антибиотици”, изјави украинскиот претседател.
Русија тврди дека цели само на воени и стратешки цели.
Во еден од нападите кој наиде на општа осуда, на 9 март беше урнатo породилиште во Мариупол.
Русија потоа тврдеше дека сликите од нападот биле наместени и дека украинските вооружени групи ја користеле зградата на породилната болница.
