Вести Свет

САД: Шведска и Финска ќе бидат безбедни откако ќе аплицираат за членство во НАТО

Соединетите Држави се цврсто убедени дека можат да ја отстранат секоја загриженост за безбедноста на Шведска и Финска во периодот по аплицирањето за членство во НАТО и пред тие да бидат примени во алијансата, соопшти Белата куќа.

Шведска и Финска се загрижени дека би можеле да бидат изложени на руски закани во процесот на пристапување, кој може да потрае и до една година, додека не бидат одобрени од сите 30 членки на НАТО.

„Цврсто веруваме дека ќе најдеме начини да се справиме со секоја загриженост што може да ја имаат овие земји во периодот помеѓу поднесувањето барање за членство во НАТО и официјалното пристапување во алијансата“, рече на брифинг портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Се очекува овој месец Шведска и Финска да одлучат дали ќе аплицираат за влез во НАТО.

Шефот на шведската дипломатија Ен Линде по состанокот со американскиот државен секретар Антони Блинкен во средата изјави дека добила безбедносни гаранции, но не наведе детали.

Шведскиот министер за одбрана минатиот месец рече дека барањето може да предизвика низа реакции од Русија, вклучувајќи сајбер напади и хибридна војна – како што се пропагандни кампањи – за да се наруши шведската безбедност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки повреди по пад од зграда

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе