Вести Свет

(видео) Илјадници луѓе завршија во болница поради песочната бура во Ирак, која трае цел месец

Едно лице почина, а повеќе од 5.000 луѓе се примени во болниците во Ирак, поради  проблеми со дишењето по новиот бран на песочна бура која ја зафати земјата. Оваа бура е седма за еден месец, што предизвика сериозни напади на гушење кај илјадници луѓе, најмногу во Багдад. Сите што се пожалиле на респираторни проблеми биле асматичари и постари луѓе, а по третманот со кислород се пуштени на домашно лекување. Здравствените власти ги советуваат луѓето со астма и други хронични заболувања да останат дома.

Веќе цел месец небото над Ирак е портокалово, а видливоста не е поголема од 50 метри.

Песочната бура ги замрзна и авионските летови на аеродромите.

Бурите со прашина се вообичаени во Ирак, но некои експерти веруваат дека стануваат се почести поради климатските промени. Климатолозите предупредуваат дека Ирак може да се соочи со „272 дена песочни бури“ во наредните години, поради се почестите суши, и високите температири на воздухот кои достигнуваат 50 целзиусови степени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки повреди по пад од зграда

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе