Спасувачите во Кина извлекоа жива жена од урнатините на зградата која делумно се урна речиси шест дена претходно, објавија денеска државните медиуми.
Најмалку пет лица загинаа во трагичното уривање на зграда во градот Чангши. Десет ја преживеале несреќата, а спасувачите се уште трагаат по десетици исчезнати, пишува Ен-Би-Си Њуз.
Спасувачките екипи утрово нешто по полноќ од урнатините извлекоа жена, која се уште беше жива, иако поминаа околу 132 часа од уривањето на шесткатницата. Задниот дел од зградата ненадејно се урна на 29 април.
Жената била свесна, па дури и ги советувала спасувачите како да ја извлечат без да и нанесат дополнителни повреди.
Полицијата уапсила најмалку девет лица поради инцидентот, вклучувајќи го и сопственикот на зградата. Тој е осомничен дека ги игнорирал градежните прописи и направил други прекршоци.
Уапсени се три лица задолжени за проектирање и изградба, како и уште пет лица кои наводно дале лажна оценка за безбедноста на објектот.
Поради зголемувањето на бројот на уривања на згради во последните години, кинескиот претседател Си Џинпинг минатиот месец побара инспекциите да извршат дополнителни инспекции на изградените објекти за да откријат можни структурни проблеми.
Колапсот често се случува поради непочитување на безбедносните стандарди, што вклучува незаконска изградба на дополнителни подови или неуспех да се постави арматура.
