Вести Свет Топ вести

Ќе останам посветена на Франција и Французите, уверува Марин Ле Пен и најави битка за парламентарните избори

Кандидататката на десницата на претседателските избори во Франција Марин Ле Пен се обрати од нејзиниот штаб во 16-тиот арондисман на Париз.

Марин Ле Пен притоа го поздрави „и покрај двонеделните нефер, насилни методи“, фактот што идеите „што ги претставува достигнуваат нови височини во изборната ноќ. Со повеќе од 43 отсто од гласовите, резултатот сам по себе претставува убедлива победа.

Таа понатаму додаде: „Милиони наши сонародници го избраа националниот камп и промените. Ја упатувам мојата најдлабока благодарност до оние кои ми веруваа во првиот круг и до оние кои со милиони ни се придружија во вториот круг“.

– Се плашам дека петгодишниот мандат што се отвора нема да се скрши со бруталните методи на претходниот, за да се избегне монополизација на моќта од некои, повеќе од кога било ќе ја продолжам мојата посветеност на Франција и Французите со енергијата, истрајноста и наклонетоста што ме познавате, истакна Ла Пен.

Кандидатката на РН најави и „голема изборна битка на законодавните избори. Ќе ја водам оваа битка заедно со Жордан Бардела“ рече таа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе