Вести Свет Топ вести

Опозицијата го победи Јанша на парламентарните избори во Словенија

Партијата Движење за слобода предводена од Роберт Голоб е релативен победник на парламентарните избори во Словенија со најмногу добиени гласови, а на второ место е Словенечката демократска партија (СДС) на актуелниот премиер Јанез Јанша, според излезната анкета објавена во 19 часот.

Според резултатите од излезните анкети убедливо слави партијата Движење за слобода на чело со Роберт Голоб. Оваа партија доби најмногу гласови, 35,8 отсто, потоа Словенечката демократска партија на Јанез Јанша со 22,5 отсто и Нова Словенија која доби 6,8 отсто од гласовите.

Голоб им се заблагодари на граѓаните кои излегоа да гласаат и посебно за оние кои му ја донесоа изборната победа.

 

Луѓето навистина веруваат дека ние сме единствените кои можеме да донесеме промени. Денеска луѓето танцуваат, утре започнува нов ден и утре ќе почнеме да се обидуваме да ја оправдаме таа доверба, рече Голоб, целиот трогнат и повика: Ајде да танцуваме!

 

Сепак, според овие резултати, партијата на Голоб би освоила 42 мандати, во 90-члениот парламент, а за да формира Влада ќе му требаат уште шест.

Излезноста беше исто така голема, речиси 50% од 1,7 милиони гласачи гласаа до пладне, што е за 15% повеќе од претходните избори во 2018-та.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе