Вести Македонија

Цел на кривичната пријава против директорот Арафат Муареми е да се дефокусира јавноста од истрагата за „Трансмет“ -Финансиска полиција ги отфрла обвинувањата на правобранителството

Откако КОД во недела во емисијата за нереализираната конфискација на Трансмет ја објави кривичната пријава која Државното правобранителство ја поднело против обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски (порано во СЈО), против Арафат Муареми (поранешен истражител во СЈО, а актуелен директор на финансиската полиција) и осуденикот Сеад Кочан (сопственик на Трансмет и осуден за предметот Труст), денеска со реакција и негирање на наводите во пријавата и Финансиската полиција.

Правобранителството тврди дека 4-цата пријавени згрешиле односно се здружиле и носеле одлуки со кои сега е отежната конфискација, но од финансиската полиција сметаат дека правобранителството преку своите ставови изнесени и во медиумите се обидува да ја дефокусира јавноста од истрагата која се води за случајот со конфискацијата на Трансмет.

-Управата за финансиска полиција категорично ги отфрла сите обвинувања  изнесени во медиумите и одговорно тврди дека истите се со цел дефокусирање на јавноста  окулу вистината за истрагата на стечајот за ,,Трансмет“, како и за инволвирани лица вклучително и државното правобранителство, велат од финансиската полиција со што за првпат е потврдено дека има истрага и за правобранители.

-Во Управата за финансиска полиција е отворена предистражна постапка и истатата е во координација со јавен обвинител од  ,,Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ,,од каде се добиваат насоки за постапување. Управата за финансиска полиција ,без оглед на притисоците ќе продолжи со недвосмислена и енергична борба  со криминалот и корупцијата ,се со една цел заштита на буџетот на државата неселективно, без оглед на функцијата, партиската или било каква друга припадност на сторителите на кривичните дела, наведува финансиската полиција во одговорот до Телма.

Во продолжение емисијата КОД во која беа објавени детали од пријавата.

Во текот на вчерашниот ден на објавените информации реагираа и двајцата обвинители Гаврил Бубевски и Артан Ајро.

Бубевски и Ајро за едномесечното истражување на КОД во 4 досега емитувани продолженија, велат во соопштението: „изразуваме разочарување за одлуката на уредувачкиот тим на емисијата „КОД“, емитувана на 10.04.2022 (недела), еднострано да го презентира комплексниот предмет поврзан со конфискацијата во „Труст“, без притоа воопшто да ни даде можност нам, како надлежни јавни обвинители за случајот, да ги изложиме нашите аргументи.“

Во повеќе истражувања на тимот на КОД, беа откриени сериозни пропусти за конфискацијата на Трансмет која требаше да донесе 17,2 милиони евра во буџетот, но досега не е наплатен ни денар.  Беа користени информации, изјави, интервјуа, одговори од правобранителство, судовите, судски и обвинителски совет, влада и секако обвинителството од каде пристигна одговорот потпишан од обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро.

Обвинителите Ајро и Бубевски контра правобранителот, реагираат и за едномесечното истражување на КОД за конфискацијата на „Трансмет“

По обвинителите со контра реакција се јавија и од Државното правобранителство.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Законот за сајбер безбедност наскоро низ владина процедура, во јуни во Собрание

Дејан Дејан

Билатералните прашања да останат билетерални, а не кочница на евроинтегративниот пат – порака на шефицата на австриската дипломатија од Скопје

Дејан Дејан

Тетовскиот суд ги прогласи директорите Флорин Бесими и Артан Етеми за виновни за пожарот во модуларната болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе