Методија Димовски е назначен за генерален секретар на Владата. Оваа одлука е донесена на денешната седница на Владата, откако ген-секот Мухамед Зеќири поднесе оставка бидејќи Јавното обвинителство поведе истражна постапка против него заради злоупотреба на службената положба. Димовски беше член на Инспекцискиот совет од областа на животната средина и заштита на здравјето на луѓето.
Покрај него, во конкуренција за нов владин генсек биле и Викторија Аврамовска Мадиќ, поранешна секретарка во Град Скопје, Магдалена Филиповска-Грашковска претседателката на Инспекцискиот совет.
