Вести Македонија

Половина влада во Атина, ДКСК бара поголeма отчетност и одговорност на високите функциенори

На четиридневниот Делфи економски форум кој се одржува во Атина покрај Премиерот Димитар Ковачески присуствуваат и вицепремиерот Фатмир Битиќи како и министрите за економисија, финасиии, надворешни работи, одбрана и животна средина.

Од Владата велат дека секој од министрите ќе има свое обраќање  во одреден ден и никој од нив нема да остане таму 4 дена.

За време на форумот, планирано е Ковачевски да оствари работни средби и состаноци со лидери и политичари.

Најголем дел од дебатите на форумот ќе бидат посветени на војната во Украина како и на геополитичките предизвици.

И додека речиси половина Влада е отсутна од државава, Антикорупциската комисија мака мачи со борбата против корупцијата.

Се пожалија дека кај министерствата и другите државни институции нема желба  ниту пак интерес да ги реализираат активностите од Националната стратегија.

Од вкупно предвидени 111 реализирани се само 22 активности на државните институции.

До Антикорупциската комисија се доставени околу 600 пријави за корупција. Најголемиот дел се однесуваат на партиските вработувања.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Трамп гледа голема шанса нешто да се случи во разговорите со Иран, но Техеран тврди дека пораките сè уште се разменуваат преку посредници

Дејан Дејан

СДСМ: Сега Мицкоски бара експерти за вода – Во нормална држава тие би биле прашани од првиот ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе