Корупцијата е пристуна во сите пори на општеството и покрај тоа што државата постигна напредок на листата на транспаренси.
33 отсто од граѓаните изјавиле дека во текот на минатата година им биле побарани пари од службеници во институции од локалната или централната власт за услуги кои им се во опис на работното место и речиси сите на кои им биле побарани платиле.
Отпорот на граѓаните кон корупцијата се намалува. Ова е еден од заклучоците од Национална работилница за имплементација на Конвенцијата на Обединети нации против корупција во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка.
