Вести Македонија Топ вести

Матичните лекари на протест

Со полчасовен протест пред Министерството за здравство, утре матичните лекари од цела држава повторно  ќе го изразат своето незадоволство од немањето слух на здравствените власти за нивните потреби.

Ова ќе биде трет протест, откако по двата претходни, ниту едно од нивните барања не беше решено.

Претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија, Лилија Чолакова Дервишова вели дека, овој министер и неговиот заменик им се последна надеж, затоа што се од примарното и терцијарното здравство и ги разбираат нивните проблеми, но им порачува да настапат поцврсто кон Фондот и владата, приоритет да му се даде на примарното здравство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе