Вести Македонија Топ вести

Вработените во „Пошта“ почнуваат со генерален штрајк на 14 април

Повисоки плати за три илјади денари, подобри услови за работа, опрема и униформи и слух од раководството  и Владата.

Ова се барањата на вработените во Пошта кои на 14 овој месец почнуваат со генерален штрајк кој ќе трање се додека не им се исполнат барањата.

Тие се незадоволни од состојбата во Пошти и загрижени за своите работни места и со тоа и егзистенцијата

Одлуката за стапување во генерален штрајк била донесна на 31 март откако директорот не го исполнил ветеното ниту пак средбата со надлежните во Владата.

Според Синдикатот, платите во Пошта не се покачени 30 години, куповната моќ на вработените е драстично намалена а 70 отсто од вработените имаат плата еднаква на минималната од 18.000 денари.

Тие бараат и итна набавка на основни технички средства за да може нормално да функционираат а со тоа и навремено да ги опслужуваат граѓаните.

Додека трае генералниот штрајк, бидејќи така налагаат законите,  препорачаните судските пратки и пратките од безбедноста и одбрана ќе се сортираат и доставуваат но не и оние на граѓаните.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски го повика директорот на Пошти, да го реши проблемот со фантомските вработени, кои се околу двесте на број а кои редовно добиваат плата и не се појавуваат на работното место.

Според Димовски централната и локалната власт како и работодавачите купуваат време повикувајќи се на член 8 од Законот за минимална плата кој предвидува рок од 6 месеци да се усогласат или скалесто да се зголемат платите на останатите вработени.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе