Двајца косовци и еден кумановец шверцувале 150 килограми марихуана наменета за Турција, соопшти МВР откако вчера тројцата осомничени се уапсени во Штип.
Групата е уапсена на паркинг пред штипска кафеана, каде според сознанијата на полицијата требало пратката да ја предадат на возач на камион.
Во автомобилот ауди со кумановски таблици се најдени 92 пакувања со марихуаната која од Косово преку Македонија требало да заврши во Турција, соопштија од МВР.
Дрогата била во патни торби, а дел од неа во багажникот на аудито и во просторот за резервната гума. Кај приведените лица се пронајдени и повеќе мобилни телефони, СИМ картички од мобилни оператори од Косово и Македонија и пари, кои се предадени на вештачење. Потрагата по возачот на камионот се уште трае, а против уапсените е поднесена кривична пријава.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
