Вести Македонија Топ вести

Пресечен меѓународен транспорт на дрога вредна околу 500.000 евра, приведени три лица

Двајца косовци и еден кумановец шверцувале 150 килограми марихуана наменета за Турција, соопшти МВР откако вчера тројцата осомничени се уапсени во Штип.

Групата е уапсена на паркинг пред штипска кафеана, каде според сознанијата на полицијата требало пратката да ја предадат на возач на камион.

Во автомобилот ауди со кумановски таблици се најдени 92 пакувања со марихуаната која од Косово преку Македонија требало да заврши во Турција, соопштија од МВР.

Дрогата била во патни торби, а дел од неа во багажникот на аудито и во просторот за резервната гума.  Кај приведените лица се пронајдени и повеќе мобилни телефони, СИМ картички од мобилни оператори од Косово и Македонија и пари, кои се предадени на вештачење. Потрагата по возачот на камионот се уште трае, а против уапсените е поднесена кривична пријава.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судири меѓу демонстранти и полицијата пред парламентот во Тирана – приведени неколку лица

Sasko Dimovski

Нема меѓуинституционални договори за стационирање на артефакти во услови на кризи

Дејан Дејан

(Видео) Гужви на преминот Богородица, поради штрајкот на царинските служби

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе