Владата на вчерашната седница предложила амбасадори за испразнетите места на дипломатско-конзуларните претставништва.
Повикувајќи се на извори од Владата медиумите објавуваат дека поминале предлозите за Зоран Попов, актуелниот државен секретар во МНР, да биде испратен во Вашингтон, Теута Арифи, е предложена за амбасадор во ЕУ, во Брисел, а актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, за амбасадор во Париз.
На списокот се и Мето Белески, кариерен дипломат, кој е предложен за амбасадор во Белгија, Реџеп Демири, сегашниот генерален конзул во Минхен е предлогот за амбасадор во Швајцарија.
Од ДУИ доаѓа и предлогот за Дритон Кучи за амбасадор во Осло.
Овие предлози сега одат на одобрување кај претседателот на државата, а потоа ќе се чекаат агремани.
