Вести Македонија Топ вести

Кацарска во Топ Тема: Недовербата кон судството е сериозно голема, судиите мора да се поажурни и брзо да носат одлуки за предмети од интерес на јавноста

Ваква голема недоверба кон судот не е забележана никогаш, вели претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во вечерашната Топ Тема, укажувајќи дека малата недоверба од само 8% не се однесува на Уставниот суд, туку повеќе на Кривичниот суд.

  • Судството не може да се пофали дека некогаш имало доверба од граѓаните. Но ваква голема недоверба досега не е забележана, вели Кацарска.

Смета дека за таа да се зголеми потребна е поголема ажурност и транспарентност, со тоа што и медиумите ќе бидат поприсутни во сите делови од судот, и кај повеќе предмети.

  • Судиите треба да се многу ангажирани кај актуелните предмети кои ги следи јавноста, да носат пресуди во најкраток можен рок. Ако постапката трае со години, веќе никој нема да се интересира за тој предмети. Пример е случајот со Ласкарци..Ако судиите посветат повеќе часови и денови во неделата и му дадат приоритет на еден конкретен предмет пред ситните предмети, тогаш за граѓаните ќе биде јасно дека судот работи ажурно, вели Кацарска.

Кацарска вели дека кога дошла на функцијата затекнала предмети стари 4 до 5 години, и поради тоа е донесена проограма каде е предложено постапките да траат од 7 до 9 месеци.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Штрајкот во Грција ја блокира Богородица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе