Ваква голема недоверба кон судот не е забележана никогаш, вели претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во вечерашната Топ Тема, укажувајќи дека малата недоверба од само 8% не се однесува на Уставниот суд, туку повеќе на Кривичниот суд.
- Судството не може да се пофали дека некогаш имало доверба од граѓаните. Но ваква голема недоверба досега не е забележана, вели Кацарска.
Смета дека за таа да се зголеми потребна е поголема ажурност и транспарентност, со тоа што и медиумите ќе бидат поприсутни во сите делови од судот, и кај повеќе предмети.
- Судиите треба да се многу ангажирани кај актуелните предмети кои ги следи јавноста, да носат пресуди во најкраток можен рок. Ако постапката трае со години, веќе никој нема да се интересира за тој предмети. Пример е случајот со Ласкарци..Ако судиите посветат повеќе часови и денови во неделата и му дадат приоритет на еден конкретен предмет пред ситните предмети, тогаш за граѓаните ќе биде јасно дека судот работи ажурно, вели Кацарска.
Кацарска вели дека кога дошла на функцијата затекнала предмети стари 4 до 5 години, и поради тоа е донесена проограма каде е предложено постапките да траат од 7 до 9 месеци.
