Вести Свет

Ким: Северна Кореја ќе продолжи да развива застрашувачки ударни способности

Северна Кореја ќе продолжи да развива „застрашувачки ударни способности“ кои не можат да се заменат или продаваат за ништо, изјави лидерот Ким Џонг Ун за време на посетата на работниците вклучени во досега најголемото тестирање на балистички проектили.

Пјонгјанг претходно соопшти дека успешно тестирал нов тип интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) со нуклеарен капацитет што би можел да стигне до САД.

Севернокорејските медиуми во петокот објавија дека Ким Џонг Ун ги водел последните подготовки за лансирањето на ракетата (ICBM Hwasongpho-17) и на тој начин ја покажал „сигурноста на неговото сегашно распоредување во воени услови“.

Ким се сретна со официјални лица, научници, техничари и работници вклучени во лансирањето на проектилот, објави државната новинска агенција КЦНА. „Само кога сте опремени со застрашувачки ударни способности, супериорна воена сила која никој не може да ја запре, може да се спречи војна, да се гарантира безбедноста на земјата и да се спречат сите закани и уцени на империјалистите“, рече Ким.

Вашингтон се обиде да изврши притисок врз Пјонгјанг да се откаже или да го намали својот арсенал на нуклеарно оружје и ИЦБМ, но Ким рече дека неговите сили за самоодбрана „не можат да се заменат или купат со ништо“ и ќе останат силни и непоколебливи и покрај искушенијата и тешкотиите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе