Капитенот гласно им отпоздрави, а навивачите му возвратија.
Убаво беше да се види, убаво беше и да се почувствува атмосферата на скопскиот плоштад.
Навивачите знаат колку тежи победа над актуелниот европски и поранешен светски шампион. Иако само половина работа е завршена и допрва следи финалето од баражот.
Победите како таа синоќа среде Сицилија на „Ренцо Барбера“, се оние коишто остануваат во најубавите спомени и се прераскажуваат долги години.
Фудбалерите сега имаат малку време да се консолидираат, да се одморат, а потоа и повторно да тренираат.
Во вторник ќе истрчаат на „Драгао“, легендарниот дом на фудбалскиот клуб Порто.
Најверојатно, добро се подготвени да се одбранат од долгите и директни додавања од бековските позиции на Португалија и од кратката пас-игра во традиционално квалитетниот португалски среден ред.
Во одбраната предизвикот е најголем – да се сопре пеколниот Кристијано Роналдо.
Македонските фудбалери на крилата на своите верни навивачи кои и вечерва исто како и вчера ги славеа нивните успеси на истото ова место, инспирирани и мотивирани ќе отпатуваат во Португалија на 90, а можеби и 120 минутна борба или пенал-рулет.
А, навивачите порачаа дека се подготвени наредната недела уште побројни и повесели пак да се соберат на славење.
Петар Догов
https://youtu.be/KA8PXYLRsVI