Вести Свет

Песков: Русија никогаш не ги прекршила меѓународните конвенции

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија никогаш не ги прекршила меѓународните конвенции за употреба на забрането оружје.

„Русија никогаш не ги прекршила меѓународните конвенции“, рече Песков, коментирајќи ги обвинувањата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Портпаролот на Кремљ ги обвини САД за политика насочена кон изолација на Русија, оценувајќи дека таквиот пристап е неефикасен.

Песков рече дека не гледа сериозни последици во случај Русија да излезе од Г20, за чие исклучување се залага американскиот претседател Џо Бајден.

„Форматот Г20 е важен, но во сегашни услови, кога огромното мнозинство е во економска војна со нас, ништо смртоносно нема да се случи ако излеземе“, истакна Песков, додавајќи дека „светот е многу поинаков од САД и Европа“.

Песков рече дека „романтичниот период“ во односите меѓу Русија и НАТО е завршен и ја обвини Алијансата дека е создадена како „инструмент за конфронтација“.

„Така се однесувавме кон НАТО, така се однесуваме и сега“, изјави портпаролот на Кремљ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе