Вести Свет

Британско разузнавање: Украинците повторно ги освоија градовите во источен Киев

Украинските сили ги вратија градовите и одбранбените позиции на 35 километри од Киев, соопшти британското разузнавање.

„Контранападите на Украина и неспособноста на руските сили да ги задржат прекумерните линии за снабдување и овозможија на Украина да ги врати градовите и одбранбените позиции до 35 километри источно од Киев. Украинските сили веројатно ќе продолжат со обидите да ги турнат руските сили северозападно од Киев кон аеродромот Хостомел“, пишува во британскиот извештај.

Тие наведуваат и дека на југот на Украина руските сили на патот кон Одеса се уште се обидуваат да го заобиколат Миколајев, а нивниот напредок е забавен поради логистичките проблеми и украинскиот отпор.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе