Вести Свет

Австралија го санкционираше Лукашенко и неговото семејство

Австралија  воведе санкции против белорускиот претседател Александар Лукашенко како поддршка на руската инвазија на Украина, соопшти австралиското Министерство за надворешни работи.

Новиот сет на санкции се насочени и кон 22 „руски пропагандисти и оперативци за дезинформација“, вклучувајќи ги и шефовите на Раша Тудеј, Фондацијата за стратешка култура, ИнфоРос и ЊузФронт, се вели во соопштението.

Во соопштението се вели дека санкциите треба да обезбедат Русија и оние кои ја поддржуваат нејзината незаконска, неиспровоцирана инвазија на нејзиниот демократски сосед да платат висока цена.

Лукашенко и семејството санкционирани

Лукашенко е додаден на листата на оние кои обезбедуваат стратешка поддршка за Русија и нејзината војска. Покрај него, санкционирани се и неговата сопруга Галина и неговиот син Виктор, кои претходно беа на високи функции во националната безбедност во Владата.

„Австралија сега санкционираше вкупно 32 проруски пропагандисти, што ја одразува стратешката важност на дезинформациите во обидите на Русија да ја легитимира неиспровоцираната и незаконска инвазија на Путин на Украина“, додаде Марисе Пејн, министер за надворешни работи на Австралија.

Австралија веќе го санкционираше Владимир Путин, меѓу олигарсите и високите руски политичари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе