САД и Русија на крајот ќе ги вратат нормалните односи, можеби не наскоро, но тоа ќе се случи, изјави денеска американскиот амбасадор во Москва, Џон Саливан.
-Апсолутно не сум добар во предвидувањето на иднината, но ќе направат едно предвидување – и тоа не е предвидување, само знам: на крајот, Русите и Американците повторно ќе воспостават нормални односи. Можеби не оваа година, можеби не следната, но тоа ќе се случи. Се надевам дека тоа ќе го доживеам, изјави американскиот дипломат во интервју за „Новаја газета“.
Русија вчера го повика американскиот амбасадор Саливан и му предаде список од американски дипломати кои во Русија се прогласени за „персона нон грата“. овојј чекор следуваше како одговор на протерувањето на руските дипломати од руската постојана мисија во ОН во Њујорк и Русите вработени во секретаријатот на ОН.
