Вести Свет

Борел: Русија не сака преговори, сака да ја одвои Украина од морето

Руската влада засега не сака да склучи примирје бидејќи не ги постигнала своите воени цели, изјави високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

– Моментално, Русија не сака да седне  да преговара за што било: она што таа сака е да ја окупира земјата. Сака да го опколи брегот до границата со Молдавија и да ја изолира Украина од морето. Таа сака сериозно да преговара само кога ќе обезбеди позиција на сила, рече Борел во интервју за шпанската ТВЕ.

Борел, исто така истакна дека Европската унија и нејзините сојузници ќе продолжат да испорачуваат воена помош за украинската војска.

– Ова е важно бидејќи сè ќе биде решено во следните 15 дена. Она што ќе остане запишано во историјата е способноста на Украинците да пружат отпор, потенцира Борел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе