Девет години затвор за рускиот опозиционер Алексеј Навални, еден од најголемите критичари на владеењто на претседателот Путин. Прогласен е за виновен за проневера на пари за сума од 4,7 милиони долари донации дадени на неговата сега забранета антикорупциска фондација. Виновен е и за непочитување на судот.
Според пресудата, Навални ќе ја отслужи последната од низата казни на кои беше осуден во затвор со максимално ниво на безбедност.
Навални веќе служи две и пол години затвор за прекршување на условната казна. Тој сега доби и парична казна од 11.535 долари, но избегна максимална затворска казна од 13 години. Се изјасни како невин, а судскиот процес го опиша како политички мотивиран. Навални беше затворен минатата година веднаш по враќањето во Русија од Германија, каде што неколку месеци се лекуваше по труењето со нервен агенс. Руските власти ги оквалификуваа Навални и неговите приврзаници како поткопувачи на Русија поддржани од западот. Многумина негови сојузници ја напуштија Русија со цел да избегнат затвор.
