Вести Свет Топ вести

Бајден: Ова е јасен знак дека Путин размислува да употреби биолошко и хемиско оружје

Обвинувањата на Русија дека Киев поседува биолошко и хемиско оружје се лажни и покажуваат дека самиот руски претседател Владимир Путин размислува да го употреби во војната против Украина, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

„Путин е притиснат на ѕидот и сега изнесува нови лажни тврдења дека ние во Америка имаме биолошко, како и хемиско оружје во Европа, а тоа едноставно не е точно“, рече Бајден.

„Тие исто така сугерираат дека Украина има биолошко и хемиско оружје. Тоа е јасен знак дека размислува да ги користи и двете. Руската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето за коментар“, додаде Бајден.

Русија веќе ја обвини Украина дека поседува биолошко и хемиско оружје

Официјални лица во Вашингтон и сојузничките земји претходно ја обвинија Русија дека шири недокажано тврдење дека Украина има програма за биолошко оружје, велејќи дека тоа го гледаат како можен вовед во потенцијалното руско започнување на биолошки или хемиски напади.

Руското Министерство за одбрана го обвини Киев, без да обезбеди докази, дека планира хемиски напад врз сопствениот народ за да ја обвини Москва за употреба на хемиско оружје во инвазијата на Украина на 24 февруари.

На почетокот на овој месец, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан разговараше со Николај Патрушев, секретар на рускиот Совет за безбедност, предупредувајќи го за последиците од можната руска одлука да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина.

Белата куќа не прецизираше какви ќе бидат последиците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран предупреди: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Земјотрес Мексико: Се нишаат згради и рафтови во продавници, жителите во страв ги напуштаат домовите

Kristina Kuzmanovski

Регистрирани 12 пожари во Македонија, активен е само еден

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе