Вести Македонија

Општина Маврово-Ростуше нема да бира градоначалник

На 17-ти април нема да се одржат изборите за градоначалник во општината Маврово-Ростуше. ДИК и официјално ја запре постапката за избор на градоначалник бидејќи нема пријавено ниту еден кандидат. Минатата недела кандидатот на СДСМ Медат Куртовски ја повлече својата кандидатура бидејќи нема противкандидати, а ВМРО ДПМНЕ најави дека нема да учествува на избори закажани без консултација со нив. На редовните локални избори во октомври минатата година, гласањето беше прогласено за неуспешно бидејќи одзивот на гласачите не достигна 30 одсто. И изборите во април ќе беа ризични бидејќи се работи за печалбарска општина во која голем број жители заведени во Избирачкиот список се иселени во странство.

На јавна седница, ДИК едногласно и без расправа одлучи дека нема потреба од трошоци за организирање избори во ситуација кога до истекот на рокот, во Општинската изборна комисија не пристигнала ниту една кандидатура.

На 17-ти април ќе се гласа за избор на градоначалник во општината Центар Жупа. Во согласност со Роковникот, во петок се заклучува Избирачкиот список за оваа општина, а во понеделник на 28-ми март почнува изборната кампања во која учествуваат двајца кандидати: Ариан Ибраим од Турската демократска партија и Шаин Шаќир од Движењето за национално единство на Турците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со симптоми на труење во Гостивар жители се уште бараат лекарска помош

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша добија син, прво бебе за актуелeн потпретседател на САД по 156 години

Kristina Kuzmanovski

Велика Британија има нов премиер, Бернам најави нов политички и економски модел

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе