Вести Свет Топ вести

Гувернер: Русите удриле во хемиска фабрика кај Суми, тече амонијак

Регионалниот гувернер на Суми, Дмитри Живицки, објави на социјалните мрежи дека отровен гас од амонијак истекува од хемиската фабрика „Сумикимпром“, оштетена од руското гранатирање.

Живицки во објави на Фејсбук и Телеграм предупреди дека е загрозено селото Новоселција. Градот Суми најверојатно нема да биде загрозен поради насоката на ветерот, напиша тој. Тој им порача на жителите од околните места да дишат преку газа натопена со лимонска киселина.

„Оставете ја областа“

Вработените во фабриката и државната служба за итни случаи се обидуваат да го поправат истекувањето на амонијак, напиша Живицки.

Живицки ги предупреди сите што живеат во радиус од пет километри од Шумикимпром да ја напуштат областа бидејќи тоа е опасен гас.

Информацијата за истекување на гас гувернерот ја објави во 3 часот и 30 минути на својот Телеграм канал.

Обвиненија за употреба на хемиско оружје

Во последните недели руската војска ја обвини Украина дека подготвува хемиски напад врз цивили за кои има намера да ја обвини Русија. Западните земји неодамна изјавија дека постои зголемен ризик Русија да употреби биолошко или хемиско оружје.

Русија постојано беше обвинета за ширење дезинформации за наводни украински провокации со цел да ги оправда сопствените напади.

ВИДЕО: Русите синоќа жестоко го ракетираат Киев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мечка нападна маж кој собирал печурки во ресенско Курбиново

Kristina Kuzmanovski

Кумановци стравуваат од кражби, МВР вели се повеќе случаи се решаваат

Kristina Kuzmanovski

Турција прави мрежа од специјализирани клиники за одвикнување на младите од пушење

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе