Нов Зеланд ќе започне со отворање на границата за туристи на 12 април, објави денеска премиерката Џасинда Ардерн. Границата најпрво ќе биде отворена за австралиските туристи, а од 1 мај и за туристите од земјите на кои не им се потребни визи, вклучувајќи ги Германија, САД и Велика Британија.
„Подготвени сме да продолжиме кон ново поглавје во нашето управување со пандемијата“, рече Ардерн.
„Затворањето на нашата граница беше една од првите активности што ги презедовме пред две години за да го запреме Ковид-19. Тоа ја заврши работата. Но, сега кога сме високо вакцинирани и оценето дека го поминавме врвот на експанзијата на омикрон, безбедно е да се отвориме“, додаде премиерката Ардерн.
Туристите треба да бидат вакцинирани и негативни на Ковид
Посетителите ќе треба да се вакцинираат и тестот да биде негативен пред поаѓање. Тие нема да мора да се изолираат по пристигнувањето, но ќе мора да направат уште два теста на Ковид-19 за време на нивниот престој во Нов Зеланд.
Поширокото отворање кон остатокот од светот најверојатно ќе биде одложено до октомври, но не беше објавено во среда.
Нов Зеланд досега одложи или промени неколку планови за отворање на својата граница за време на пандемијата. Границата на земјата е затворена за речиси сите посетители од март 2020 година.