Проширувањето на ЕУ повеќе не е прашање на кредибилтет туку безбедносно прашање и шанса за консолидација и на Унијата и на Западниот Балкан а настаните во Украина се доказ за европските лидери и политичари дека времето на мерење на популарноста на темата за проширување на Унијата е веќе минато.
Ова е ставот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој ја оцени посетата на високиот претставник на ЕУ Жозеф Борел како јасен сигнал за поддршката на Македонија и покрај неговите пораки околу старот на преговорите.
Шефот на димпломатијата нагласи дека нема никаква дилема околу поддршката за старт на преговорите од државите членки во Унијата што било потврдено и на средбата со словачкот колега Корчок на дилпломатскиот форум во Анталија кој нагласил дека билатерални прашања нема да бидат вметнати во преговарачката рамка.
Околу средбата со бугарскиот премиер Петков на форумот во Анталија , Османи соопшти дека не била одлучна но ја карактеризираше како корисна бидејќи бил направен пресек на досегашните комуникации меѓу Скопје и Софија.
Тој кажа дека суште има големи разлики во ставоите по однос на три прашања без да прецизира кои точно станува збор.
За Османи клучно е разговорите да продолжат за да нема дефокус и во таа насока е и посетата на бугарската шефица на дипломатијата Теодора Генчовска, која ќе допатува во Скопје на 23. овој месец.
Министерот Османи соопшти дека во македонската амбасада во Братислава, Словачка е испратена Евгенија Илиевска, дипломат од кариера, која доаѓа од мисијата на Македонија во ОБВСЕ а ќе ја извршува функцијата амбасадор.
Огнен Чанчаревиќ
