Ковид19 Македонија

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент.

Во последните 24 часа, како што соопшти Министерството за здравство, се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на КОВИД-19, во: Скопје-39, Куманово-10, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-8, Струга-6, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-13, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-18.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 161 оздравени пациенти од: Скопје-60, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-3, Струга-15, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-7, Гостивар-35, Радовиш- 1, Крушево-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Кратово-2, Свети Николе-13, Кичево-5, Ресен-1.

Почината е една пациентка од Скопје во болнички услови, која имала 51 година.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.083,  бројот на оздравени пациенти е 8.248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.306.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 5207, активни 1157
  • Куманово 1173, активни 266
  • Дебар 219, активни 128
  • Штип 988, активни 342
  • Прилеп 346, активни 38
  • Тетово 1099, активни 175
  • Струга 485, активни 151
  • Велес 238, активни 26
  • Битола 169, активни 76
  • Охрид 301, активни 75
  • Кавадарци 126, активни 97
  • Гостивар 585, активни 285
  • Гевгелија 25, активни 14 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
  • Струмица 41, активни 25
  • Крива Паланка 29, активни 15
  • Радовиш 36, активни 11
  • Крушево 16, активни 3
  • Кочани 115, активни 26
  • Пробиштип 64, активни 18
  • Демир Хисар 47, активни 33
  • Македонски Брод 55, активни 42
  • Пехчево 6, активни 0
  • Берово 9, активни 5
  • Валандово 7, активни 1
  • Виница 36, активни 32
  • Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 15, активни 3
  • Свети Николе 244, активни 103
  • Кичево 219, активни 133
  • Ресен 146, активни 11
  • Неготино 32, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Од направените 1.885 теста, преку ИЈЗ се 814, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-161, Биотек-202, МАНУ -128, Жан Митрев (Филип Втори)-191, Систина со PCR метода -255, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-68, Инфективна клиника-24, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 11.7475 тестирања на КОВИД -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 25 пациенти, а нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и четири деца позитивни на вирусот и еден пациент суспектен на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје примени се 12 нови, а вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе