Ковид19 Македонија Најважни

Битола го престигна Скопје по бројот на позитивни случаи на Ковид-19

Околу 400 новозаразени само во последните три дена, не најавуваат намалување на бројот на  позитивни на Ковид-19 во Битола. Градот е најголемо жариште на коронавирусот и е на прво место во земјава со највисока двонеделна инциденца за периодот од 3 до 16 јануари.

Според последниот  извештај на Институтот за јавно здравје, во Битола за овој период има 1.760 заболени на 100.000 жители, со што го надмина и Скопје, кое е веднаш зад Битола со 1.697 позитивни на 100.000 жители.

Здравствените власти велат дека состојбата во моментот е исклучително загрижувачка и сериозна, а од Центарот за јавно здравје не очекуваат намалување на бројките на заразени до крајот на јануари. Од 60 до 65 проценти од вкупниот број на тестирани во лабораториите во Битола се позитивни на Ковид-19.

Од Клиничката болница информираат дека и натаму има голем наплив на пациенти, посебно во амбулантите на Инфективното одделение, каде дневно има и над 150 прегледи.

Во моментот во Битола има 1.600 активни случаи. Бројот на починати од коронавирусот од почетокот на пандемијата до денес е 414, додека смртноста 3,7 проценти. Опфатот на вакцинација е 50 проценти од вкупната популација.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Државниот буџет покрил 63% од трошоците за изборната кампања за 2024

Дејан Дејан

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател

Дејан Дејан

Еден загинат во сообраќајна несреќа во близина на Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе