Вести Ковид19 Македонија

396 новозаболени и 14 починати од ковид во Македонија

Денес се регистрирани 396 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 224.134 – Оздравени се 207 пациенти – пријавени се 14 починати лица во изминативе 24 часа.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.858 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 196, Битола – 31, Прилеп – 23, Гевгелија – 17, Охрид – 16, Кавадарци – 14, Куманово – 13, Струмица – 10, Ресен – 9, Велес – 8, Штип и Кочани – по 7, Берово и Валандово – по 6, Неготино – 5, Тетово, Кичево и Струга – по 4, Богданци и Македонски Брод – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш и Крушево – по 2, Делчево и Дебар –– по 1.

Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од: Скопје – 116, Битола – 14, Кавадарци – 13, Прилеп и Охрид – по 9, Крива Паланка -7, Куманово и Штип – по 4, Струмица, Кочани, Гевгелија, Ресен и Радовиш – по 3, Тетово, Велес, Кичево, Струга и Демир Хисар – по 2, Неготино, Виница, Пробиштип, Валандово, Богданци и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 5 починати лица од Скопје (68г, 72г, 74г, 89г и 94г), две починати лица од Прилеп (53г и 64г) и по едно починато лице од Охрид (87г), Куманово (81г),  Свети Николе (71г),Битола (51г), Велес (83г), Струмица (61) и Берово (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени четири починати лица со датум на смрт 17.12. до 25.12.2021 година. Регистрираните се починати лица од Пехчево (2), Скопје (1) и Штип (1). на возраст од 71 до 87 години. Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.586.033 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.134, бројот на оздравени пациенти е 211.228, на починати е 7.935, а бројот на активни случаи изнесува 4.971.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе