Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Филипче: Ситуацијата во земјава е мирна, нема потреба од дополнителни рестрикции

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека ниту поради омикрон сојот на Ковид-19, ниту поради кој било друг сој не треба да се прават дополнителни рестрикции.

– Сметам дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од оваа криза. Не може ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките се до оној момент додека не ја влошува ситуацијата, да воведуваме дополнителни рестриктивни мерки, изјави Филипче.

Според него, задолжителната вакцинација и мерките за патување и да не се преполнуваат затворените простории се сосем доволни.

– Животот постепено се нормализира, некаде целосно е нормализиран и сметам дека овие превентивни мерки се сосем доволни, изјави Филипче.

Тој додаде дека олеснување за следниот министер за здравство е тоа што нема голем број пациенти во ковид-центрите.

– Замислете да имаше огромен број пациенти и преоптоварени ковид-центри. Сега ковид-центрите не се полни зошто нема пациенти, нема приеми ниту во ковид-центрите во Скопје, ниту ширум државата. Во огромен број од инфективните одделенија практично нема хоспитализирани, рече Филипче.

Дел од пациентите кои се дијагностицирани, вели министерот, се праќаат на домашно лекување зошто имаат полесна клиничка слика.

– Ситуацијата е прилично мирна, Комисијата за заразни болести ќе ја прати ситуацијата и ако има потреба, секако ќе се предложат мерки, додаде Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина и Русија ослободија по 185 затвореници во последната голема размена

Дејан Дејан

Зеленски: Путин одбивајќи средба избира војна

Дејан Дејан

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе