Вести Македонија

Собранието треба да ја констатира  оставката на Заев

Собранието на денешната седница треба да ја констатира оставката на Премиерот Зоран Заев.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на брифинг со новинарите рече дека нема основа да се одржат пратенички прашања со оглед на тоа што со оставката на Заев во оставка е целата Влада.

На ова во текот на вчерашниот ден  реагираше ВМРО ДПМНЕ повикувајќи се на собранискиот Деловник и членот 93 од Уставот во кој е наведено дека Владата која поднела оставка или на која и престанал мандатот, останува на должност до изборот на нова Влада.

Со ова почнуваат да течат роковите за избор на нова Влада.Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена да го довери мандатот, на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието, во конкретниот случај најверојатно тоа ќе биде лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Мандатарот е должен во рок од 20 дена да му поднесе на Собранието програма и да го предложи составот на Владата.Седницата за избор на Владата се одржува во рок од 15 дена од денот на приемот на прелогот за состав на Владата и програмата.

Расправата трае два дена.Во партиите во тек се внатрепартиски консултации за изборот на новиот владин кабинет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе