Македонија

Арсовска ќе ги заврши започнатите проекти од Шилегов, само ако се од интерес на граѓаните

По скоро 2 месеци откако стапи на функцијата градоначалничка на Скопје и по бурата реакции во јавноста дека нема да ги заврши започнатите проекти од нејзиниот претходник, Шилегов, Данела Арсовска денеска за прв пат зборуваше пред медиумите. Според извршената анализа, проектот за автобуско метро во Скопје ( БРТ систем), носи многу ризици за главниот град и неговите граѓани, рече Арсовска. Таа смета дека за него треба да одлучат граѓаните на референдум.

Анализите кажуваат дека БРТ има толку многу ризици по граѓаните, по инфраструктурата и по градот Скопје. И навистина треба да се размислува како и на кој начин, сето тоа ќе се изведе . Јас верувам дека граѓаните сакаат проекти кои што ќе бидат за нивен бенефит, а не нанивна штета . И ние тој процес ќе го отвориме, документите ќе ги дадеме на увид и ќе видиме што и како може да се направи, рече градоначалничката арсовска.

Уривањето на мостот на ОН, можноста од оштетување на водоводна цевка што се наоѓа над предвидената траса на автобуското метро , од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и сечењето на зеленилото при изградбата, се забелешките на новата градска власт во однос на БРТ системот, кои од СДСМ беа демантирани. Проектот е запрен зашто на последната фаза од тендерот на ЕБОР, немaло понуди,а медиумите тенденциозно пренеле дека таа го запрела, рече Арсовска.

Таа кажа и дека ќе го заврши започнатиот мост на булеварот АСНОМ, но откако ќе се решат над 100 имотно-правни спорови.

Не е проблем изградбата на самиот мост. Тој ќе биде изграден. Меѓутоа поврзувањето од обете страни е нешто за кое има повеќе имотно- правни спорови.На тоа ние ќе бидеме посветени, меѓутоа треба да се знае дека некој го започнал без јасна цел и визија , за колку време тоа ќе биде реализирано, рече градоначалничката.

Данела Арсовска, денеска беше избрана за нова претседателка на ЗЕЛС. А градоначалникот на Валандово, Костадинов, е избран за потпретседател.

Најбитно е да ги продолжиме сите заедно процесите кои што значат децентрализација на локалната самоуправа, да ја подобриме транспарентноста и да испорачаме резултати, рече костадинов.

За втор потпретседател на ЗЕЛС е избран градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Азир Алиу останува во ВЛЕН, Арбен Фетаи на средба со Курти без Таравари

Дејан Дејан

30 проценти од бремените жени во Македонија се соочуваат со анксиозно – депресивни потешкотии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе