Вести Македонија

Градоначалниците од источна Mакедонија обвинуваат дека централната власт ги оставила сами на себе за време на поплавите

Градоначалниците од источна Mакедонија реагираат дека се оставени сами на себе после поплавите кои го зафатија регионот.

Обвинуваат дека немаат поддршка од централната власт па се договориле да формираат локални кризни штабови во кои ќе ги мапираат најкритичните точки.

Во видеото изјавите на Виктор Паунов, Градоначалник на општина Карбинци, Александар Китански, Градоначалник на Општина Пехчево и Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство во ВМРО ДПМНЕ.

На ова регираат од водостопанство Брагалница. Директорот Дејан Митров во изјава за Телма вели дека каналите постојано се чистат и дека дури и во последните години должината која се чисти е речиси двојно зголемена.

Смета дека ова е политичка хајка, дека ВМРО ДПМНЕ манипулира со податоци и дека и според хидрометеролошкиот завод наврнале огромни количини вода поради која се поплавиле дел од површини под ориз.

Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ својата неспособност да не ја покриваат со барање вина на друго место освен кај себе си, реагираат од СДСМ.

„Тие треба да се први на терен секогаш кога се случуваат временски непогоди, но наместо да се грижат за општините со кои раководат, тие поитаа да бараат оправдувања за нивното неработење, преку неосновани обвинувања кон институциите од централната власт. Владата, централните институции се секогаш со граѓаните, реагираат навремено во решавање на проблемите“, соопштуваат од СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: Имаме стабилно мнозинство

Дејан Дејан

Законот за сајбер безбедност наскоро низ владина процедура, во јуни во Собрание

Дејан Дејан

Билатералните прашања да останат билетерални, а не кочница на евроинтегративниот пат – порака на шефицата на австриската дипломатија од Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе