Петре Шилегов остава долг од 160 милиони евра по најразлични основи. Буџетот на градот е оставен на милост и немилост на добавувачите.
Прва и најголема ставка се идни обврски по веќе склучени договори од страна на Шилегов, како и доспеани и недоспеани обврски од 58 140 000 евра. Тоа значи дека градот веќе должи над 58 милиони евра за договори кои Шилегов нелегитимно ги склучувал за во иднина.
Понатаму, 11 380 000 евра се веќе наменети за отпочнати постапки за склучување на договори по однос на јавни набавки во 2021 година. Градот Скопје има склучено и вкупно 7 договори за заем и можности за идни кредитни задолжувања и тоа 4 договори со Светска банка, 1 со ЕБРД и 2 договори со домашни комерцијални банки и сите тие во вкупна висина од 32.082.374 евра.
Неспособната Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ наместо да бара алиби да се фати за работа, реагираат од СДСМ.
„Прекинат проект за Бас рапид транзит, прекината изградба на два моста, поништен оглас за вработување на пожарникари, Скопје во сообраќаен хаос, тоа е „успесите“ на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ во првите два месеца. Дури и градоначалници од нејзината коалиција се жалат на неспособноста на Арсовска“, велат од партијата и ги демантираат информации за долгот, тоа е, велат, уште една лага.