Вести Македонија

АЕК ќе купува седум автомобили за околу 200 илјади евра

Државната Агенција за електронски комуникации (АЕК) распиша оглас за набавка на седум автомобили со вкупна вредност од околу 200 илјади евра, пишува СДК.мк.

Според спецификациите еден од нив мора да поседува камера со приказ од 360 степени, ЛЦД екран од најмалку 10 инчи, загревање на предни и задни седишта и на волан, безжичен полнач за телефон од најмалку 15 вати, како и затемнети задни стакла со УВ заштита. Бојата треба да биде црна металик.
Останатите шест возила треба да бидат на хибриден погон, со 8-инчен ЛЦД екран, додека греење на седиштата не е задолжително.
Агенцијата, со која раководи Јетон Акику, кадар на ДУИ, неделава распиша и оглас за набавка на авиобилети во вредност од речиси 100 илјади евра за наредните две години, потсетува СДК.мк

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе